Обука за Менаџерски вештини за управување со човечки ресурси

Менаџерските вештини за управување со човечки ресурси се од една страна есенцијален дел  на секоја успешна компанија, но и нејзин најголем предизвик. Со обуката Менаџерски вештини за управување со човечки ресурси организирана од Стопанската комора на Република Македонија, нашата вработена Срна Илова имаше можност да проследи светските трендовите во оваа област. Оваа обука претставуваше и добра подготовка за иднината на работата и работните позиции кои неминовно не очекуваат.

Преку шест мошне значајни теми за современите предизвици со кои компаниите се соочуваат на пазарот на труд презентирани од професори од земјава и регионот со големо искуство во областа, обуката имаше за цел да запознавање со начините за успешно менаџирање со човечките ресурси. Но, освен со трендовите како до подобрување на мотивираноста и задоволството на работното место опфаќајќи ги сите аспекти кои денешното smart општество ги диктира, обработени беа интересни и значајни аспекти од начините како да се задржи имиџот на компанијата и во огласувањето на слободни или нови работни места, во процесот на селекција и регрутација, а се со цел да се дојде до најквалитетниот и најсоодветниот кандидат за новоотворените позиции.

ДУНА секојдневно го зацврстува брендот на посакувана компанија за работа, по обуката очекувам да бидеме уште поуспешни на тоа поле. Преку имплементирање на новините кои ги прати светот од менаџментот со човечки ресурси и почитување и правилно насочување на сите карактеристики на различните генерации, карактери и образовни профили вработени во ДУНА очекувам засилување на мотивираноста на нашиот динамичен тим кој работи во компанијата, зацврстување на етичките аспекти во работењет, издигање на деловната лојалност и секако да ги отвориме вратите за новите квалитетни кадри кој ќе ни го прошират тимот. Заедно се разбира да напишеме уште многу успешни приказни. – вели Срна Илова.