Новости

Новиот ЛЕД екран на ДУНА – единствен во регионот

ДУНА го има ледот кој ќе ги исполни сите Ваши визуелни замисли.

Димензија до 100 m2, флексибилнен за монтажа за остварување на сите Ваши замисли со бескрајна можност за комбинации и големини. Приспособен за надворешни и внатрешни инсталации. Идеално би се вклопил во секаков вид на забави, корпоративни, културни, спортски.

Ова ЛЕД решение на ДУНА со докажан квалитет овозможува кристална слика до над 550 милијарди бои со специјален хардвер кој врши калибрација на бои во однос на времето, денот и сезоната. Добивате совршена слика под секакви услови, дури и под директна светлина на сонце. Екранот е отпорен на сите атмосферски услови, дожд, снег, многу ниски и екстремно високи температури.

Промоција на овој единствен од ваков тип ЛЕД екран во регионот, ДУНА го направи на настанот за кој долго ќе се зборува – Стинг во Скопје. Посетителите на концертот, освен што уживаа во совршеноста на вокалот на Стинг,  ја имаа и привилегијата за прв пат на овие простори да ги доживеат впечатливите ефекти кои ги нуди ова ЛЕД решение на ДУНА.