Новости

Дуна верува во своите вработени.

Во насока на мотивација на својот човечки потенцијал и унапредување на вештините на своите вработени компанијата конитунуирано пронаоѓа начини за неконвенцијално и апликативно дообучување и поддршка на интелектуалните и креативни потенцијали на своите вработени. Преку унапредување на индивидуалните способности и вештини компанијата мотивира колетивно подобрување на работните тимови.

Од 23.09.2016 нашиот менаџер за корпоративни решенија, Томислав Мамуровски е еден од дваесетте членови на првата Менаџерска и лидерска школа за инженери во Македонија– МИМ при Институтот за Истражување во животна средина, градежништво и енергетика (ИЕГЕ). Менаџерската школа за инженери се однесува на професионален развој за менаџмент во инженерството и лидерски вештини и е специјално креирана согласно потребите кои ги имаат денешните инженери кои сакаат своето постојно искуство да го надградат со фокусирано знаење кое има значајно влијание во нивната идна кариера.

Дуна му посакува многу успех на својот едукативен пат и многу успеси при практична примена и реализација на совладаните техники и знаења.

fb_img_1475585257182

fb_img_1475585241162

fb_img_1475585250105