Новости

Нов софтвер на ДУНА, изработен во соработка со меѓународни експерти

СО ULTIMA WIN – ПОГОЛЕМИ ПРИНОСИ ЗА ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ, СО НАМАЛЕНИ ТРОШОЦИ

По повеќе од двегодишен развој и дизајн, на кои ДУНА посветено работеше заедно со интернационален тим на соработници и експерти, горди сме и задоволни што можеме да го најавиме нашиот нов производ и да ја презентирме нашата нова услуга –  ULTIMA WIN софтверот!

ULTIMA WIN е софтвер за земјоделство кој што, пред сè, е фокусиран на зголемување и имплементација во иновативна ICT платформа која што овозможува проактивност во однос на наводнувањето, бербата и менаџирањето на прскањето (користење на пестициди) врз земјоделските култури. Резултатот се сведува на постигнување на контролирано и одржливо одгледување и производство на земјоделските култури, притоа намалувајќи ги секојдневните оперативни трошоци. ULTIMA WIN е базирана на софтверска и хардверска инфраструктура за „паметно собирање, процесирање и користење на податоци “во било кое време и на било кое место, користејќи паметни подвижни уреди.

Денес, земјоделците повеќе од претходно се свесни за економската загуба од неправилното менаџирање на водата, неефикасното и неефективното третирање на земјоделските култури со хемиски средства (прскање) и намалениот квалитет на бербата и земјоделските производи. “Досегашните првични тестирања покажаа дека земјоделците во ULTIMA WIN препознаваат софтвер кој што ќе го зголеми квалитетот и квантитетот на бербата и ќе осигура проактивен менаџмент преку оптимизирано користење на ресурси: хемиски средства, пестициди и вода, во смисла на намалување на трошоците. Истото ќе се постигне преку употреба на бази на податоци за историски информации и идни предвидувања за почвата, растенијата, воздухот и останати видови на значајни податоци за соодветниот тип на земјоделска култира. Со користење на софтверот земјоделците ќе можат прецизно да предвидуваат, да превземаат соодветни мерки и да донесуваат квалитетни одлуки за спроведување на вистинските активности во вистинско време”, вели Коце Петров, Технички директор на Дуна Компјутери.