
Запознајте ја целосната Ricoh IM серија – мултифункционални уреди дизајнирани да ги задоволат сите ваши бизнис потреби.
Без разлика дали ви треба боја или црно-бело печатење, брзина, сигурност и интуитивен кориснички интерфејс, IM серијата нуди решение за секоја канцеларија.
Подобрете ја продуктивноста и оптимизирајте ги трошоците со интелигентна технологија од Ricoh.

Брз, едноставен и интуитивен софтвер за комплетно управување со процесите на печатење, скенирање и копирање.
PaperCut, зошто?
– Ги следи и дава увид во сите МФУ / Печатари
– Безбедно печатење (картица / ПИН)
– Контрола и извештај за користење на уредите
– Оптимизација и заштеда на трошоци
– Унифицирана политика на печатење / скенирање
– Минимализација на отпадна хартија
– Овозможува унифицирано BYOD-Bring Your One Devices печатење (iOS, Windows, macOS, Android and Chrome), било дали е од мобилни или стационарни уреди

UMANGO ви овозможува флексибилност и ефикасност при скенирањето, именувањето, индексирањето, ковертирањето и зачувувањето на електронските документи.
Едноставен за инсталирање, конфигурирање и користење, што во превод значи: КРАТКА И БЕЗБОЛНА ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА ПРОЕКТИ!
Документите можат да бидат селектирани на работниот панел на МФ уредот, во интернет пребарувач, на вашиот таблет или смарт телефон. Скенираните документи или податоци можат да бидат упатени преку дефинирана рута до различни фолдери во компанијата, бази на податоци, мражни фолдери или на cloud.
Алатките за препознавање на скенираните документи содржат, OCR, препознатливи и пред-дефинирани изрази, OMR, баркод, пребарување на податоци, полиња кои се пред-дефинирани со AI, препознавање на фотографија, ограничени листи за пребарување….
Стандартните опции опфаќаат, флексибилно распоредување на документи според пред-дефинирани карактеристики и автоматизирање на процеси при обработка на документи.

ULTIMA Records Management е веб базирано софтверско решение кое овозможува контрола и управување со документацијата на една компанија, од нејзино евидентирање и верификација, чување и контрола на пристап, како и уништување по завршување на животниот век на документот.
Понуденото решение е интегрирана целина од повеќе компоненти кои овозможуваат:
•Администрација на системот
•Внес во деловодник, категоризација и распределба по организациони единици
•Верификација, дигитализација, индексирање и внес во систем
•Распределба на средства по ОЕ
•Пребарување, превземање на електронска копија, испраќање по меил или печатење
•Организирање на локации и места на чување на оригинални документи (Архивирање), управување со барања за оригинал, уништување
Дигиталната култура не се создава преку ноќ – таа се гради преку јасни процеси, поддршка и постојана едукација. Како долгогодишен партнер во дигитализацијата, Дуна помага вашата организација да не остане само со нови алатки, туку и со нов начин на размислување: подготвеност за промени, активно користење на технологијата и фокус на ефикасност. Токму тука започнува одржливата трансформација.
