Новости

Скриените трошоци на традиционалното работење

Модерните организации константно пробуваат да работат поефективно, да намалат трошоци и да ја зголемат ефикасноста на вработените во секој поглед на организациското работење. Но сепак,често забораваат на еден аспект од работењето – печатењето. Печатењето носи трошоци кои тешко се воочуваат.
90% од компаниите немаат вистинско разбирање за сите трошоци поврзани со печатењето. Канцелариското печатење носи огромни скриени трошоци, кои доколку се игнорирани се сумираат и до илјадници евра годишно.

Скриени трошоци

Вистинските трошоци за поседување на принтери се многу повеќе од цената која што сте ја платиле за нив. Овие трошоци ги вклучуваат сите трошоци поврзани со нивно работење, нивниот импакт врз животната средина и трошоците за нивната поддршка и оддржување. Доколку една компанија со повеќе сектори нема централизирано решение за печатење и нема администрација за истото, се губи увид и контрола на вкупните трошоци за одржување, сервис, хартија, тонер и електрична енергија.

Печатачи

Чест случај е во канцеларии да се поставени многубројни печатачи. Често овие печатачи се искористени под својот капацитет, окупирајќи простор, непотребно користејќи електрична енергија и создавајќи трошоци за одржување и сервис. Друг чест случај е набавка и користење на печатачи над нивниот капацитет, што води до нивно често расипување. Вака, нивниот животен век се намалува и трошоците по копија се значително повисоки.

Хартија

Трошоците за хартија, постепено се собираат и се навистина значителни на годишно ниво. Овие трошоци не се толку лесни за увид, како што би замислиле. Дали е возможно да се процени вистинскиот трошок на печатење доколку ги видиме фактурите за купена хартија? Тоа можеби би било така доколку би знаеле дека навистина се испечатени само неопходните документи.  Во просек еден документ се умножува и печати дури 19 пати, а кога прекумерен број на вработени имаат физички контакт со документите се отежнува нивното следење. И да не заборавиме на просторот потребен за нивно процесирање и архивирање. Како ова прекумерното печатење и копирање го повредува работењето на компанијата?

Работни саати

Многу често забораваме дека го плаќаме работното време на вработените. Дали навистина сакате тоа работно време да е искористено на проблеми поврзани со печатање, менаџирање на документи и поправање и одржување на печатачи? Која е цената на стресот и фрустрацијата на Вас и Вашиот тим, кој троши значителни саати во пронаоѓање на документи и информации? Или пак на времето и фрустрација при работа со нефункционален печатач?Неефикасноста на немање воспоставено систем за менаџирање на документи ги чини вработените четвртина од нивното работно време. 7,5% од документите се губат, а изгубен документ може да ја чини компанијата многу повеќе него што таа може да си дозволи. Неможноста за наоѓање на потребна информација го загрозува навременото донесување на одлуки и вклучување на договори.

Тонер

Според истражување на Ricoh, 39% од бизнисите утврдиле дека трошоците за замена на тонер се најтешко мерливи, а 30% од компаниите одговориле дека за нив непроценлив трошок е времето кога печатачот не е функционален, најчесто поради немање тонер. Без следење колку точно се печати во боја, може да резултира во зголемени трошоци дури и до 5 пати.

Животна средина

Застарени, како и непотребни печатачи ја чинат компанијата големи трошоци за електрична енергија. Генерално, печатачите се огромни потрошувачи на електрична енергија, дури и кога не се во активна употреба. Понатаму,  голем удел од емисијата на CO2 за кое е одговорна компанијата е резултат на прекумерно користење на хартија за печатење. Со имање на увид на податоците за хартија, тонер и енергија, не само што ќе знаеме колку финансиски ќе заштедиме, туку ќе дознаеме и како да го направиме нашиот бизнис поеколошки.
Печатењето е многу поскапо него што изгледа. Со вистинско решение за менаџирање на документите и печатење, компаниите можат да се осигураат дека не прават непотребни трошоци. Со анализата на работењето ќе знаете колку точно се овие трошоци – финансиски и еколошки; ќе можете да дознаете како да ги оптимизирате перформансите и да донесете информирани одлуки.

БЕСПЛАТЕН КОНСАЛТИНГ

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Posts

Разговаравме со Златко-Злате Јанакиевски

Златко-Злате Јанакиевски е  долгогодишен кондиционен тренер на најголемите имиња во македонскиот спорт. Пред 30

Во потрага сме по нови членови на екипажот

ДУНА е компанија која веќе трета деценија успешно ги пресретнува потребите на бизнисите и на

БИЗНИС НИВО НА СПОРТСКИ АКТИВНОСТИ

Се  имате ли предадено на рутина и секојдневие? Иста комуникација со колегите? Ве следи

Нов месец, нови цени. И старите ДОООБРИ производи

На почетокот на вториот месец во годината Ви препорачуваме: НАЈДЕТЕ ВРЕМЕ САМО ЗА СЕБЕ.

Home HD Camera with air quality sensors

Monitor Home камерата е незаменлива кога станува збор за безбедноста на децата во домот.

Aura – Smart Sleep System

Спиењето е важно! Duna Concept Store нуди цел систем кој ќе Ви овозможи здрав сон: Aura

Garmin Index™ Smart Scale

Се грижиме за себе паметно! Вашите резултати се видливи во детали само преку оваа паметна

Smart Kids Scale

Smart Kids Scale вагата производ достапен во Duna Concept Store за кој ќе е

Wemo baby

Фамилијарен уред неверојатно лесен и едноставен за користење. Преку iPhone и вашата домашна Wi-Fi мрежа

НЕДЕЛА НА ЗДРАВИ НАВИКИ ВО DUNA CONCEPT STORE

Паметен јонизатор: Blue Air Sense + Дозволете си чист воздух и постојана свежина во најудобното

Новогодишни радости

Во Duna Concept Store се е подготвено за насмевки и новогодишни подароци. Веќе 50

GARMIN fēnix® 3 Sapphire

Часовникот во кој се сооединуваат најдобриот перформанс и совршениот стил. Трчај, пливај, спортувај, уживај во

iPhone X

Добродојдовте во иднината! Телефонот кој означи  почеток на нова ера на паметните телефони и ги

Macbook Air

Сега секој може да ужива во совршениот минималистички дизајн и неодолива моќност на Macbook

СУПЕР ПОНУДА

ДУНА ДОО e една од најпрепознатливите компании во доменот на производството, продажбата и одржувањето

НЕ СИ КРШИ ФИЛМ, ОСИГУРАНО Е!

Вашите омилени уреди, осигурани каско. ДУНА Ви ги соопштува добрите вести: Конечно може да уживате

Новиот ЛЕД екран на ДУНА – единствен во регионот

ДУНА го има ледот кој ќе ги исполни сите Ваши визуелни замисли. Димензија до

DUNA CONCEPT STORE: УРБАНО МЕСТО КАДЕ ШТО СЕКОЈ ЌЕ ПРОНАЈДЕ НЕШТО ЗА СЕБЕ

Во срцето на Скопје, во Градскиот Трговски Центар, на старата локација, но во една

Обука за Менаџерски вештини за управување со човечки ресурси

Менаџерските вештини за управување со човечки ресурси се од една страна есенцијален дел  на

ДУНА – ДОБИТНИК НА НАГРАДАТА НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

По повод значајниот јубилеј – 95 години постоење, на традиционален настан беа доделени Наградите

Фестивал на Младо Вино

Винарија Тиквеш посветено го одржува Фестивалот на Младо Вино, кој што ја одбележува повеќе

Новиот Apple MacBook: Иднината на преносните компјутери.

Со новиот MacBook, Apple успеа да го направи невозможното – да го создаде најлесниот

12th FM World Anniversary powered by DUNA Events

    Не само што организиравме неверојатен Интернационален тренинг за лидерите на FM World

Дуна верува во своите вработени.

Во насока на мотивација на својот човечки потенцијал и унапредување на вештините на

Вработуваме програмери

Станете дел од најенергичниот и најпросперитертниот тим во Дуна! Трансферот на знаење, работната етика и

GARMIN Fitness: РАЗВИВАЊЕ И ОДРЖУВАЊЕ НА ЗДРАВИОТ НАЧИН НА ЖИВОТ

Garmin објави партнерство со едни од најпознатите светски дизајнери, а новата колекција на фитнес

Промоција на сала ХИПО

Изнајмување на ден: 3100,00 ден. + ДДВ Салата има одлична вентилација и студиско осветлување и

Нов софтвер на ДУНА, изработен во соработка со меѓународни експерти

СО ULTIMA WIN – ПОГОЛЕМИ ПРИНОСИ ЗА ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ, СО НАМАЛЕНИ ТРОШОЦИ По повеќе од двегодишен

Дуна по втор пат е избрана за СУПЕРБРЕНД на Македонија

Драги наши корисници и клиенти, Ви благодариме за довербата и соработката со Дуна изминатата година

ДУНА Весник мај 2016

Почитувани пријатели, Чест ни е и задоволство што можеме да ви го претставиме најновиот број

SME Excellent MACEDONIA

SME Excellent MACEDONIA Сертификат за деловно работење Стопанската комора на Македонија го издава сертификатот во

Новиот Apple MacBook: Иднината на преносните компјутери

МНОГУ ПОВЕЌЕ ОД САМО ЕДЕН НОВ ЛАПТОП Со новиот MacBook, Apple успеа да го направи

ДУНА на FMCG SUMMIT 2016

На вториот по ред FMCG Summit кој што се одржа на 13.05.2016 година во

Интерактивен систем iBoard НОВИТЕ СТАНДАРДИ ВРЗ БАЗА НА IR ТЕХНОЛОГИЈА И НЕАКТИВНА ПОВРШИНА

Интерактивните системи сè повеќе имаат примена во наставната програма во училиштата и во предучилишните

GARMIN Fitness: РАЗВИВАЊЕ И ОДРЖУВАЊЕ НА ЗДРАВИОТ НАЧИН НА ЖИВОТ

Garmin објави партнерство со едни од најпознатите светски дизајнери, а новата колекција на фитнес часовници и

Дуна ги претстави револуционерните мултифункциски печатари со Smart Operation Panel

ПАМЕТНИОТ ЕКРАН НА ДОПИР ЈА ПОЕДНОСТАВУВА РАБОТАТА Претставувајќи ги нашите најнови производи од палетата на Ricoh мултифункционалните

КОМПАНИИТЕ ГО ЗАСИЛУВААТ СВОЈОТ ПОТЕНЦИЈАЛ, КОНКУРЕНТНОСТ И ЕФИКАСНОСТ СО УЛТИМА

ПОДДРШКА ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА КОНКУРЕНТНОСТА НА МАЛИТЕ И СРЕДНИ КОМПАНИИ  За постигнување поголема конкурентност потребни

Другите за нас: Објавено во Магазинот на Бизнис центарот Airport city, Belgrade ДУНА НА СРПСКИОТ ПАЗАР И КАКО ОВЛАСТЕН ДИСТИБУТЕР НА RICOH

Од пред неколку години, Дуна ја прошири својата работа во регионот на Југоисточна европа, а

ДУНА и RICOH на FESPA DIGITAL, Amsterdam 2016

Во првата половина на март годинава, во Амстердам се одржа ФЕСПА ДИГИТАЛ 2016 најголемиот саем

SPINAKER СОФТВЕРОТ НОСИ РЕВОЛУЦИЈА ВО РАБОТЕЊЕТО ВО МАЛОПРОДАЖБАТА

Софтверот е целосно развиен во соработка и имплементирање на барањата од корисниците, како и со

ДУНА ГО ПРЕТСТАВИ ИНТЕЛИГЕНТНИОТ ДОМ ЗА СЕКОЕ СЕМЕЈСТВО

Smart House Intelligence системот се базира врз неинвазивен процес на инсталација, кој што ја

Промотивна цена на Spinaker

Почитувани корисници, поради голем интерес од страна на корисниците Дуна Компјутери во месец февруари Ви

Превентивно одржување за фискални уреди

На секои 12 месеци треба да се обновува врската на фискалниот уред со серверот

Apple претстави нови производи

Вчера Apple претстави нова линија на лаптопи MacBook, ги надгради MacBook Air и MacBook

Бесплатни обуки за ULTIMA POS

Сите корисници на софтверот за малопродажба ULTIMA POS можат да проследат бесплатна обука која