Прославете 30 години иновации со Дуна на нашиот графити контест!

Сподели

Придружете ни се на триесетиот роденден на Дуна каде што ќе го прославиме спојот помеѓу уметноста и технологијата! Графити контестот е закажан за 7ми Јуни со почеток во 12:00 часот во канцелариите на Дуна во Скопје. Ве очекува спој на креативност, иновација и забава

Ги повикуваме сите графити уметници кои сакаат да ја пренесат својата уметничка визија на живите улици на Скопје. Без разлика дали сте нов талент или искусен графити артист, овој натпревар е за тебе.

За да се вклучите, ќе треба да ни испратите емаил на graffiti@duna.mk со следното:

1. Портфолио : Ова треба да биде компилација од вашата претходни дела, покажувајќи ги вашите вештини, стил и опсег како уметник. Портфолиото ни овозможува да добиеме увид во вашата уметност и гарантира дека натпреварот ќе биде на високо ниво. Ве молиме прикачете 5 до 10 фотографии од вашите најдобри дела.

2. Скица од вашата идеја : Поднесете детална скица од графитот што планирате да го создадете. Скицата треба да го прикаже вашето разбирање и употреба на предвидените 8 бои испишувајќи Дуна. Вашата скица ќе биде оценета според креативноста, оригиналноста и според тоа колку добро одговара на духот на настанот.

3. Не задолжително –  скица од Sticker Дуна : Доколку сакате, поднесете дизајн за стикер во стилот на Дуна. Победничкиот дизајн ќе стане официјален стикер на Дуна и ќе биде награден со ваучер од 200€ во графити шоп Хром.

Награди

I. Прво Место: iPad Touch + Apple Pencil + Procreate

II. Второ Место: Ваучер од €200 во Graffiti Shop Hrom

III. Трето место: Ваучер од €100 во Graffiti Shop Hrom

Награда за дизајн на стикер:  Ваучер од €200 во Graffiti Shop Hrom



Обезбедени Материјали

За поддршка на уметниците, со задоволство ве информираме дека сите потребни бои ќе бидат обезбедени од страна на Графити Шоп Хром. Ова партнерство ви овозможува пристап до материјали од висок квалитет, оставајќи ви простор единствено да се фокусирате на вашата уметничка визија.

Вашите пријави ќе бидат внимателно разгледани од страна на нашето жири, кое ќе одбере учесници за натпреварот базирано на портфолиото и скицата на идејата. Избраните артисти ќе се објават на 1ви Јуни. Креативноста, техниката и оригиналноста се клучни. За натпреварот за дизајн на стикери, победникот ќе биде одлучен со гласови од публиката, затоа осигурајте се вашата скица да се истакне!

* Вашиот графит е ограничен на 8 бои. Планирајте ја вашата скица така што максимално ќе го искористите ова ограничување
* Учеството е бесплатно и нема скриени трошоци

Вашиот графит ќе биде оценет од комисија составена од 3 судии врз основа на:

I. Писмо: Бараме иновативни структури на букви.
II. Концепт: Импресионирајте не со вашата интерпретација на Дуна преку карактери, позадини и пораки.
III. Боја: Покажете ни како ја користите бојата за да го оживеете вашиот графит.
IV. Оригиналност : Изненадете не со нешто ново и уникатно.
V. Техника: Демонстрирајте извонредна контрола на спрејот и техники кои го издвојуваат вашиот графит.

Вклучете се со нас:

Графити контестот ќе биде забава проследена со добра музика и храна. Посетителите кои не учествуваат во натпреварот ќе можат да придонесат кон заеднички мурал и да учествуваат во гласањето за најдобриот дизајн на стикер.

Без разлика дали си љубител на уметноста, има место за секој во 30тиот роденден на ДУНА. За повеќе информации, аплицирање, или ако имате било какви прашања испратете ни емаил на graffiti@duna.mk.

Заедно да ја ослободиме креативноста и да создадеме историја со Дуна!

Buy now
Добијте најповолна понуда
Добијте најповолна понуда
Побарај сервис
Побарај сервис