Новости

БИЗНИС НИВО НА СПОРТСКИ АКТИВНОСТИ

Се  имате ли предадено на рутина и секојдневие? Иста комуникација со колегите? Ве следи ли постојана потреба од пулсирачка енергија, од урбани случувања?

Токму таквото чувство не наведе на идеја да бидеме организатори на еден поинаков концепт на спортски случувања. Бизнис ниво на спортувањето.

Ве покануваме да бидете дел од најголемиот бизнис предизвик: Поврзување на сите успешни компании во една заедничка адреналинска приказна. Преку  единствена апликација Garmin Connect. Апликација преку која ќе Ве предизвикуваме во: поминати km, потрошени калории, направени чекори. Преку која ќе споделуваме мотивација и ќе Ве заразиме со ентузијазам за здрави навики.

Ве покануваме да бидете дел од дефинитивно најмасовното размрдување на градот убав. Ве покануваме да излезете од концептот што не Ви правеше пеперутки во стомакот и со луѓето од Вашата работна околина наместо колеги да станете ТИМ. ТИМ преку чиј спорстки успеси компаниите со ист корпоративен стил ќе чујат за Вашата.

Ние повикавме професионален спортски тренер кој ќе го одржува спортскиот адреналин. Договоривме голема трка на пролет. Расположени сме постојано да креираме предизвици и спортски настани и за тоа Вашиот тим навремено да го информираме.

На Вашата компанија останува да формира ТИМ и да се приклучи на предизвикот.

Адреналинот кој ќе го шират членовите на Вашиот тим ќе биде заразен за целата компанија. Тимскиот дух ќе се вклучи на најјако. Ќе прославувате спортски успеси, нови остварени соработки.

Придружете ни се!